Србин украл икона од Битола поради која не можел да заспие – Кога ја вратил во црква се случило чудо

- Advertisement -

На Македонската православна црква треба да и бидат вратени сите значајни икони кои денеска се чуваат во музеите во Македонија. Тие икони во минатото имале чудотворна моќ, а денеска тие наместо во манастирите, каде што им е местото, тие стојат во депоата на музеите.

Владиката г. Петар во емисијата „Само Вистина“ пред неколку години, побара државата да го почне процесот на враќање на иконите, бидејќи денес, за разлика од минатото во манастирите има одлични услови тие икони да се вратат.

-Има премногу вредни и значајни икони кои се чуваат во музеите, како на пример Пелагонитиса, таа е чудитворна икона која му припаѓа на манастирот, каде денеска има седум калугери, а игуменот е и владика.

- Advertisement -

Иконата чудотворна треба да биде на место каде била поставена за да се молат верниците пред нејзе, вели владиката г. Петар, посочувајќи дека ако овие икони останат во музеите, Македонија ќе ги загуби.

Владиката г. Петар во интервјуто зборува за состојбите во МПЦ, разговорите со СПЦ, а одговара и на прашањата поврзани со имотот на црквата.

Икона посветена на Богородица од 1748 година, која според мотивите се нарекува „Достојно ест“, првпат била насликана во светогорските манастири.

- Advertisement -

Таа икона била украдена пред неколку децении од црква во Битола, по што преку шверцерски пат и криминални канали, завршила кај еден колекционер во Белград.

Откако ја набавил, немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон молејќи го да ја врати тамо од каде што е украдена.

- Advertisement -

Колекционерот веќе не можел да издржи, па стапил во контакт со владиката Петар и понудил да му ја врати иконата, но под еден услов- да не биде пријавен во полиција.

„Му ветив и по цена на својот живот дека нема да го пријавам во полиција доколку ја врати иконата. И други чуда се случувале, а и сега се случуваат, но за нив нема да зборуваме, можеби наредните години.“- изјавил владиката Петар.

Откако била реставрирана, таа сега се наоѓа во црквениот храм Пресвета Бгородица во Битола, а за чудата, како што вели владиката, уште долго ќе се зборува.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави