Среќа: Купиле куќа за 130 илјади евра, во неа пронашле богатство вредно 650 илјади евра

- Advertisement -

Изненадувачко откритие – три тегли полни со златници и монети во зграда обележана за реновирање, ја остави планинската заедница во источна Франција во позитивен шок.

Градоначалникот на Морез, мало индустриско гратче на истокот на земјата, рече дека вредноста на откритието е повеќе од 650 000 евра.

Вработените во градското собрание најдоа три тегли златници и монети од 500.000 евра на задниот дел од прашливата полица, а потоа отворија сеф скриен зад кутиите во плакарот и пронајдоа повеќе златници во вредност од околу 150.000 евра, пишува Гардијан.

- Advertisement -

Градоначалникот Лоран Петит рече дека четири браќа и сестри без деца живееле во трикатна зграда во центарот на градот. Кога минатата година последниот од нив починал во деведесеттите години, роднина ја понудил зградата на продажба во градското собрание за 130 илјади евра. Морез, како и многу други градови во Франција, се обидуваше да ги откупи и обнови старите згради за да ги привлече семејствата назад во неговиот сè попразен центар.

„Куќата беше полна со предмети и мебел“, рече Петит. „Живееле неколку генерации кои не фрлале ништо, чувале сè и живееле навистина штедливо. Се согласив да го купиме имотот како што беше и постапено“.

Со оглед на тоа дека Морез, сместен во близина на границата со Швајцарија, некогаш бил познат по производство на часовници и очила, градските власти сакале да проверат дали има некаков историски интерес меѓу овие предмети.

„Три тегли полни со златници стоеја зад другите предмети на полицата“, рече градоначалникот. “Бевме изненадени и запрепастени. Никој од нас никогаш не држел парче злато. На фотографиите ги видов само златниците и помислив дека мора да бидат огромни. Но, тие беа мали, тешки 1 кг и со големина на кутија цигари”, додаде тој.

Се проценува дека пет златници и повеќе од 1.000 златни монети се во вредност од 500.000 евра.

Второто откритие се случило неодамна кога зад картонски кутии беше пронајден сеф кој содржи стотици други златници во вредност до 150.000 евра. Тој вели дека е невозможно да се процени кое од семејството што живеело таму стекнало толку многу богатство.

Петит вели дека постар братучед кој ја продал куќата на советник, кога ја слушнал веста за пронајденото богатството, рекол дек слушнал за златото од семејството, но сметал дека тоа е подарок.

Откритието е мало во споредба со годишниот буџет на градот од шест милиони евра, но ќе се потроши за посебен јавен проект за кој допрва ќе се одлучува. „Не можам да кажам дека ова откритие нè претвори во Лас Вегас, но донесе насмевка на нашите лица“, рече Петит.

извор:index.hr

Последни објави

spot_img

Поврзани објави