- Advertisement -
Пејачот Ѓорѓе Давид ги загрижи своите обожаватели кога на социјалните мрежи објави фотографија од клиника, на која се гледа дека има канила.
Се крена голема прашина, бидејќи е познато дека тој го прележал коронавирусот и многумина мислеа дека неговата состојба се влошила. Многумина беа загрижени за неговата здравствена состојба, па во коментарите го испрашуваа што се случило.
– Рехабилитација толку неопходна! – напиша рокерот на Инстаграм, откако помина на терапија со кислород, па на неговите следбеници им олесни.