Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, за Фонет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“, пишува N1.
Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе види како некој пушта „ненадлежен човек без капа“ на интензивна нега, каде пристапот е строго забранет дури и за членовите на семејството на пациентите.
Професорот Дугалиќ нагласи дека „изгорениците се отворени рани“ и дека пациентите кои се жртви на пожарите во Македонија се „во опасност по нивниот живот“.
Тој рече дека поради ова јавно се одрекува од „колегите кои му дозволиле на Вучиќ да влезе на интензивна нега, оценувајќи дека тоа е учество во политичка пропаганда која директно ги загрозува животите на луѓето.