Сте прележале ковид-19? Ги имаме најубавите вести за вас кои долго ги очекувавте

- Advertisement -

Новото истражување покажало дека здравствените работници кои претходно прележале инфекција на ковид имале шест пати посилен имунолошки одговор после примената прва доза на Фајзер ваkцината од оние кои никогаш не прележале ковид.

Истражувачите тврдат дека овие резултати ја нагласуваат важноста за втората доза која обезбедува дополнително посилен имунитет и долготрајно заштита, пишува ББЦ.

Давањето на една доза од ваkцината на претходно прележани на ковид не би било ефикасно, велат експертите.

- Advertisement -

Двете дози даваат најдобра шанса за активирање на сите делови од имунолошкиот систем и потенцијална заштита од нови варијанти и соеви.

Иако втората доза беше витална за долгорочен имунитет, британскиот Завод за здравје и социјална нега изјавил дека истражувањата покажале дека дури и една доза овозможила силна заштита (99 отсто од 237 испитани здравствени работници).

Професорката Елеонора Рајли од Универзитетот во Единбург изјавила дека резултатите од ова истражување овозможуваат научна сигурност дека помалку е контpоверзна одлуката за 12 неделен интервал помеѓу дозите на ваkцините да биде сигурен, ефикасен и прагмматичен пристап со оглед на моменталните ограничувања”.

- Advertisement -

Ваkцината овозможува посилен имунитет на мутираните соеви

За оние кои не прележале ковид, првата доза од ваkцината овозможила заштита која е подеднаква како кај оние кои го прележале вирусот. Меѓутоа, на лицата кои го прележале вирусот ковид, првата доза од ваkцината им овозможила шест пати посилен одговор на Т-клетките и речиси седум пати посилен одговор на антителата, во споредба со луѓето кои никогаш не биле заразени.

- Advertisement -

Ова откритие неизбежно води до расправата за тоа “дали може залихата на ваkцина дополнително да се развлече нудејќи само една доза на оние за кои се знае дека го прележале вирусот” изјавил професорот Дени Алтман од Империјал колеџ во Лондон.

“За поголемиот дел од светот, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, постои доволно голема дијагностичка несигурност околу тоа кој е дефинитивно заразен за да го има овој пристап, но тоа би било тешко ефикасно да се примени” изјавил тој.

Професорката Сузана Даначи, една од лидерите на истражувањето на Универзитетот Оксфорд, изјавила дека тимот исто така открил дека ваkцинацијата ја подобрува ширината на одговорот на Т-клетките генерирани кај претходно заразената личност.

Со други зборови, доколку еднаш сте прележале ковид, ваkцината ќе ја зголеми веројатноста за одржување на заштитата од новите мутации на вируси.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави