Сара Придис (35) од Англија е жена на која и било кажано дека ако не стори нешто итно во врска со својата тежина, нема да ја дочека жива следната година. Тогаш имала 228 килограми, а сега се обидува да ја донесе својата тежина до бројот 82 и да помине низ процес на вештачко оплодување.




Оваа воспитувачка била подложена на операција за вградување на гастричен бајпас, а потоа се приклучила локален клуб за да се квалификува за третман на ин витро оплодување.




Таа ја започнала својата борба во 2015 година, откако и било кажано дека нема да живее со тоа темпо ниту една година. Сега, по неколку години промени во исхраната и гастричен бајпас, таа е на чекор до можноста да се квалификува за третман со оплодување.




Сара е во брак со нејзиниот сопруг Крег веќе четири години и оттогаш се обидуваат да имаат бебе. Сепак, според правилата на Националната здравствена служба во Англија, секој чиј БМИ (индекс на телесна маса) е над 29, нема право да биде еден од кандидатите за финансирање на ин витро оплодување, тогаш имала 78.
Сара рече дека лекарите ја предупредиле дека нејзината тежина ќе ја убие и дека нејзиното тело ги испраќа последните знаци на предупредување. Исто така, дури и пред да се постави бајпас на желудник, таа морала да ослабне дури 38 килограми.




Оваа операција и била извршена приватна клиника, бидејќи списокот на чекање за операцијата на државен трошок бил предолг, па се плашела да не ја примат.
По операцијата ослабела 76 килограми, па на почетокот на годината отишла на операција за отстранување на вишокот кожа од стомакот.




Нејзиниот БМИ сега е 31, но сепак мора да изгуби неколку килограми за да биде кандидат за вештачко оплодување.
Таа го запишува својот пат кон подобро здравје и бременост на социјалната мрежа Фејсбук.
– Се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира другите да направат позитивни промени во животот и да разберат дека работата секогаш се исплати – рече таа.