„Бисерното грло на Македонија“, „Славејот на македонската естрада“, „Сузе Национале“, „Амбасадорот на македонската народна песна“, „Наледничка на легендата Васка Илиева“ се синонимите за името на Сузана Спасовска.
Таа, која со својот оригинален сценски изглед, изразитата музикалност, филигрански изработената интерпретација, срдечноста во комуникацијата со публиката, успеа, уште на почетокот на својата кариера да засвети на естрадното небо, да стекне голема популарност и да се закити со статус на вистинска ѕвезда.




Статус, кој како скоро никој друг во текот на изминатите три децении, постојано го одржува и го оправдува. Едноставно, Сузе е ѕвездата – најголемата ѕвезда на македонската народна песна.
Желбата за пеење, нашата фолк-икона ја поседува уште од најрана возраст. Живее и расте со љубовта кон музиката, кон пеењето… Како и сите музикални деца, започнува да пее уште во училишниот хор, за веднаш потоа, во својата 11-та година да се зачлени во детскиот хор „Развигорче“.




Потоа, станува солист во Пионерскиот дом „Карпош“, па следува Младинскиот хор „25 Мај“, со што постепено го развива својот глас, усвојувајќи ги спецификите на вокалната техника и интерпретација, паралелно студирајќи на Економскиот факултет во Скопје, каде што и дипломира. Почетоците на нејзиното професионално занимавање со музиката се поврзани и со вокалната група „Сирма“, како и со групите „Калиопи“ и „Макакус“.
Можеби денес е тешко да се замисли нејзиното членување во забавни групи, но факт е дека во тие години, нејзиниот интерес повеќе натежнувал натаму, за потоа, во „битката“ помеѓу забавната и народната, сепак да „победи“ народната. И, некаде во тој период, одот кон ѕвезденото небо, започнува…




Доаѓаат првите снимки за Продукцијата на МРТВ, настапот на манифестацијата „Студентско лето ’87“ во Маглај, Босна и Херцеговина од каде се враќа со две награди, првите патувања во Австралија, Канада, Германија, Шведска… Доаѓа и првата касета со десет нови, новосоздадени песни, а доаѓа и првиот настап на „Валандово ’88“, со „Води ме во рај“…
Сузана забрзано чекори, убедливо освојувајќи ги новите хоризонти на животниот и естраден космос…
Не стивнуваат реакциите по см-ртта на истакнатиот македонски композитор, аранжер и клавијатурист Тодор Трајчевски кој по-чина од последици на Ковид-19.




На социјалните мрежи се огласи и една од најдобрите македонски пејачки Сузана Спасовска со која има многу успешни соработки.
„Тешко е.. Тажно е.. Драг Тошка, од самиот почеток на мојата кариера ме воздигна со хитовите кои вечно ќе траат.. Кога љуби мома млада, Робинка, Плати ми, вонвременската „Ти верував до крај“ и многу други..




Тошка нели ќе создававме уште музика и проекти, нели имаше нешто специјално, само за мене???
Ах, драг мој соработнику, пријателе, кој на секое видување пиеше по една голтка од мојот пијалок и велеше дека тоа ми го правиш само мене, за да се пошегуваш и да ме насмееш..
Тошка, кафето и договорите за нови проекти, ете, Бог сакал да останат за некој друг живот.
Ти благодарам што имав бескрајно почитување, што чувствував дека сум посебна за тебе во музичката дејност, што од самиот почеток на мојот пат во музиката ми даде сила и поткрепа за следни чекори во кариерата.




Драг и почитуван Тошка, почивај во мир, Бог нека ти ги отвори рајските порти, зошто ти беше ангел на земјата што јас успеав да го препознаам. Слава ти!“, напиша Спасовска на „Фејсбук“.