СУПЕРЈАХТАТА НА АМЕРИКАНСКО – УКРАИНСКИ МИЛИЈАРДЕР ЗАКОТВЕНА ВО ХРВАТСКА: Се шират гласини дека Елон Маск е на неа

- Advertisement -

Суперјахтата „Мунрајз“, долга речиси 100 метри, во сопственост на американско-украинскиот милијардер Јан Кум, познат компјутерски програмер, е закотвена во близина на островот Лопуд. Меѓу локалното население кружат гласини дека Елон Маск е на бродот, но таа информација сè уште не е потврдена.

„Мунрајз“ е најголемата јахта изградена од холандското бродоградилиште Федшип во својата фабрика во Макум, а Кум ја презеде во 2020 година за 220 милиони американски долари. Јахтата може да смести 16 гости во осум апартмани, со услуга на 32 члена на екипажот.

Покрај хелиодромот, јахтата има теретана, велнес центар и гаража со сите потребни погодности за забава на море. Сè што не е на јахтата е на катамаран од 68 метри, логистички брод што го придружува „Мунрајз“.

- Advertisement -

Јан Коум, 49-годишниот коосновач и поранешен извршен директор на WhatsApp, ја продаде компанијата на Facebook во 2014 година за 19,3 милијарди долари. Според Forbes, неговата нето вредност од октомври 2023 година се проценува на 15,2 милијарди долари, што го прави еден од најбогатите луѓе во светот.
Блиц.рс

Последни објави

spot_img

Поврзани објави