Сусам – страшно добар за здравјето!Конзумирајте сусам како лек за хемороиди, ПМС, против стареење…v

- Advertisement -

Сусам – страшно добар за здравјето!Конзумирајте сусам како лек за хемороиди, ПМС, против стареење…Сусам – страшно добар за здравјето!

Конзумирајте сусам како лек за хемороиди, ПМС, против стареење…
Сусамот како додакот во исхраната, освен што дава подобар вкус, е многу здрав за вашето здравје. Треба да се конзумира одвреме навреме бидејќи е одличен прочистувач на органите за варење. Исто така делува и кај оние кои имаат нередовна столица, а одличен е и во отстранувањето на цревните паразити и лечење на хемороиди пропратени со болка и крварење.

Освен што делува за воспаленија и болки кај ревматски артритис и остеопороза на сите кои немаат доволно калциум во организмот им се препорачува смеса од една лажица сусам и 50 мл јогурт која треба во континуитет да се јаде секое утро на празен стомак. Покрај тоа што ги чува коските тој е добар и за кожата бидејќи го спречува настанокот на бактерии и акни, ја поттикнува работата на кожните хормони, ги намалува лузните, ја лекува сувата и ја штити чувствителната кожа.

- Advertisement -

Многу значаен производ е и за женското здравје. Калциумот од сусамот ги намалува болките и грчевите во нежните мускули и на тој начин ги олеснува тегобите од ПМС. Особено е важен во исхраната на трудниците бидејќи има седум пати повеќе калциум од млекото а познато е дека на жените во бременоста често им пропаѓаат забите.

Производот кој го забавува стареењето е најзастапен во блискоисточната,африканската и азиската кујна а во целиот свет се користи за подготовка на теста и колачи. Во Америка го користат како зачин за месото, во зеленчукот а темното сусамово масло е толку квалитетно што често се користи како замена за маслиновото и од него се прави маргарин.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави