Таа не може да оди, тој не може да гледа, но заедно го искачуваат светот

- Advertisement -

Двојка од Колорадо на најдобар начин го илустрира тоа како две единки во природата се надоплонуваат како севкупност на сите фактори коишто ги определуваат нивните особини, квалитети, но и недостатоци…

Таа не може да оди, а тој не може да гледа. Но заедно, Мелани и Тревор успеваат онаму каде што не можат сами.

Двајцата живеат во Форт Колинс, Колорадо, САД. Тревор (42) го загубил видот пред неколку години, како последица од глауком. Мелани е родена со спина бифида – аномалија на ’рбетниот столб и цел живот се движи со ортопедска количка.

- Advertisement -

Таа е љубителка на кампувања в природа. Тој пак, сака екстремни спортови. Кусо пред да го загуби својот вид, 2012, се искачил на Хималаите.

Потоа, Тревор се приклучил на специјален планинарски тим, наменет за лица со попреченост. Тука и ја запознал својата идна сопатничка.

Првото заедничко патување им било на стрмните Велигденски Острови – 2012 година. Тревор, притоа, ја носел Мелани на грб, оти нејзе ѝ било неизводливо во ортопедска количка да ги обиколи познатите средновековни камени статуи.

– Секогаш сум верувал дека можам да бидам нечии нозе, ако тој е моите очи… Доколку двајца имаат една луда идеја, и се најдат еден со друг, тоа веќе не е лудост. Тоа е само идеја, нагласува Тревор.

Така почнало усовршувањето на нивната комуникација. Имајќи ги очите на Мелани и нозете на Тревор, тие двајцата си ја поставиле следната цел – искачување врв на 4.000 метри надморска височина.

– Тој е нозете, јас сум очите. Заедно сме тимот од соништата!, вели Мелани.

Потоа, тие почнале да ги споделуваат своите подвизи и на Инстаграм. – Животот во ортопедска количка ми беше тренинг, додава таа.

Тревор пак, истакнува дека да му помагаш на некого да го изживее она што си сакал да го претвориш во смислата на твојот живот, тоа е прекрасно. – Најубавото е тоа што ја терам да се насмевне. Тоа е сета смисла, вели тој.

Кога се заедно, како што велат – успеваат да се справат со сѐ и тогаш се чувствуваат целосни.

– Тоа е човековиот дух. Ако нешто навистина го сакате, ќе ги најдете вистинските луѓе кои го сакаат истото што и Вие. Тогаш може да направите сѐ, заклучува Тревор.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави