ТАЈНАТА ЗА СОЧНИ ПЛЕСКАВИЦИ: Сигурно не сте го знаеле овој трик за мелено месо, а чини 0 денари

- Advertisement -

ТАЈНАТА ЗА СОЧНИ ПЛЕСКАВИЦИ: Сигурно не сте го знаеле овој трик за мелено месо, а чини 0 денари.Сите дома правеле плескавици, ќебапи, шницли или ќофтиња од мелено месо. Излегува вкусно, но за да го направите јадењето со месо што е можно посочно, користете мраз. За овој трик не знае секоја домаќинка, а освен мраз, месото треба да биде и свежо. Пробајте го затоа што ќе ви успее при првиот обид.

Овој трик особено ќе им се допадне на љубителите на бургери, бидејќи ќе ги направи најдобрите и највкусните досега.

При подготовка на мелено месо се користат еден или два вида месо – по ваш вкус. Зачинете го месото навечер и оставете го покриено со проѕирна фолија во фрижидер. Наутро додадете ситно сечкан кромид и лук. Не мора, но многу го подобрува вкусот. Соединете, формирајте плескавици или ќофтиња, па повторно покријте со проѕирна фолија и вратете го во фрижидер 20-30 минути.

- Advertisement -

За 1 кг месо се користат околу 7-10 коцки мраз, кои претходно сте ги искршиле. Брзо измешајте со мелено месо и преобликувајте во куршули или нешто по ваш избор. Мразот ќе го направи меленото месо неверојатно сочно.

Се пржат во тава на загреано масло или се печат во рерна. Ако печете, тогаш оди на 180-200°C околу 20 минути.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави