Според многу истражувања целерот е извор на голема количина на витамини и минерали. Може да се јаде свеж, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок.




А со оваа напивка секое утро го започнува и Новак Ѓоковиќ.
Во една прилика на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека токму овој сок е заслужен за неговото добро здравје.
„Добро утро на сите. Значи, вака јас го започнувам секој мој ден. Најпрво, земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа, отворам фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење за да добијам сок од целер.




Овој сок е полн со минерали, соли и сè уште неоткриени елементи кои го прочистуваат црниот дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Но тие не го пијат чист, туку со додаток сок од краставица или јаболко“, открил Новак.




Зошто целерот треба да се најде на вашето мени:
- Го намалува крвниот притисок
- Може да го регулира нивото на холестерол
- Поволно влијае врз дигестивниот систем
- Помага за слабеење и хидрира
- Поволно дејствува на имунитетот
- Поволно влијае врз кожата
Приготвување на сокот: Можете да користите само целер, но за подобар вкус, нутриционистите препорачуваат да додадете и краставица и едно зелено јаболко во соковник или блендер./Vecer.mk