Тајниот рецепт на највкусната домашна МАКЕДОНСКА вртена пита!

- Advertisement -

Тајниот рецепт на највкусната домашна МАКЕДОНСКА вртена пита!
Ви предлагаме фантастичен рецепт за пита од која ќе се најаде целото семејството.

Состојки за тестото:

    • 500 г брашно
    • 300 мл топла вода
    • сол
    • Состојки за полнење:
    • 500 г сирење
    • 300 г спанаќ (измиен и исечкан)
    • 2 лажици кисела павлака
    • Дополнително:
    • брашно за наросување
    • масло
    • 5-6 лажици млекоПриготвување на тестото:Ако е возможно, одлично би било да го просеете брашното, бидејќи тогаш тестото станува потенко и полесно се расукува.
      Во брашното додајте 1/3 лажичка сол, а потоа додајте топла вода. Постои разлика кога користите ладна или топла вода. Ако додадете ладна вода, ќе морате подолго да почекате да стаса тестото (околу 1,5 до 2 часа), но тестото полесно ќе се расукува. Ако користите топла вода, тогаш тестото ќе биде спремно за употреба за речиси половина час. Месете го тестото неколку минути за добро да се спојат состојките и да престане да се лепи за садот.По потреба додајте уште брашно, ако тестото е премногу лепливо. Префрлете го тестото на работна површина и формирајте го во топка. Оставете го да отстои на чинија премачкана со масло најмалку половина час – внимавајте врвот на тестото исто така да го премачкате со масло за да не се пресуши.

      По половина час, на работната површина постелете крпа или чаршав со кои ќе ја покриете во целост и наросете ја со малку брашно. Исто така, ставете брашно на рацете и тестото.

      - Advertisement -

      Со помош на сукало, расукајте го тестото што е можно потенко. Загрејте малку масло и во мали количини прелејте го врз тестото, а со раце рамномерно распоредете го. Вовлекувајте ги рацете под тестото и внимателно извлекувајте ги, со дланките свртени нагоре, така што ќе го допирате тестото само со врвовите на прстите.
      Повторувајте го тоа по целото тесто додека го расукате во секоја насока.
      Приготвување на полнежот и печење:

      За филот, додајте измиен и исечкан спанаќ заедно со сирење, кисела павлака и малку сол. Филот распоредете го низ тестото и завиткајте го со помош на крпа. Сад за печење премачкајте со масло (може да користите и свинска маст или путер) и префрлете ја питата правејќи спирален облик, почнувајќи од средината на садот.

      Печете ја питата во загреана рерна на 200 степени Целзиусови 30 минути. Пет минути пред крајот, извадете ја питата и премачкајте ја со млеко (506 лажици) за кората да не стане премногу крцкава.

      Кога питата ќе биде готова, оставете ја да одмори десетина минути, доволно за врелото сирење да се олади.
      Не успевате да најдете квасец по продавници? Направете си сами со овие 4 рецепта за домашен квасец за тесто што расте како лудо.

Последни објави

Растение кое мора да го имате дома: Лекува бронхитис, воспаление на грлото и синусите, проблеми со варењето…

Растение кое мора да го имате дома: Лекува бронхитис, воспаление на грлото и синусите, проблеми со варењето...Маслото од лаванда уште се нарекува и 'мајка...

Ви требаат само две состојки: Овој напиток го забрзува метаболизмот, ги чува срцето и желудникот

Ви требаат само две состојки: Овој напиток го забрзува метаболизмот, ги чува срцето и желудникот.Сувото грозје го зголемува нивото на енергија, го намалува ризикот...

Едно суво овошје спречува загуба на коскената маса кај луѓето над 50 години, доволна една шака дневно

Едно суво овошје спречува загуба на коскената маса кај луѓето над 50 години, доволна една шака дневно.Ако сакате да го заштитите здравјето на коските,...

Еве зошто треба редовно да консумирате ротквици:Го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат дигестијата и придонесуваат за здрава и блескава кожа

Го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат дигестијата и придонесуваат за здрава и блескава кожа: Еве зошто треба редовно да консумирате ротквици.Ротквиците се вистински витамински „бомби“....

Лекарите велат дека оваа намирница најмногу го нарушува имунитетот и советуваат да ја сведете на минимум за да се заштитите од вирусите и настинките

Лекарите велат дека оваа намирница најмногу го нарушува имунитетот и советуваат да ја сведете на минимум за да се заштитите од вирусите и настинките.Студеното...

Поврзани објави

error: Content is protected !!