Те чекам кај „Чичко Стоилко“ – Ретро фото од култното место на сите скопјани

- Advertisement -

Понекогаш не фаќа носталгија за старото Скопје и за тогашниот негов изглед и начин на живот во него.„Те чекам …Се чекаме кај Чичко Стоилко“, ова е еден скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата „Чичко Стоилко“, урбан култ на градот .

Токму на ова место кое повеќе не постои генерации млади луѓе го користеа за започнување на излегувањето. Најбитно беше прво да се дојде пред сендвичарата, а потоа следеа договори за натамошното минување на вечерта…

Годините си го прават своето, а и модерното време носи свои промени. За постарите генерации овие фотографии се само навраќање на едно убаво време.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави