Тироидната жлезда можете да ја проверите и САМИ! Се’ што ви треба се ОГЛЕДАЛО И ЧАША ВОДА или ТОПЛОМЕР

- Advertisement -

Еве како дома лесно да проверите дали тироидната жлезда работи нормално или треба да одите на лекар.
Нарушувањата на тироидната жлезда влијаат на работата на метаболизмот, негативно влијаат на работата на срцето и можат да имаат последици врз репродуктивното здравје.
Некои од нарушувањата на оваа жлезда, во светот влијаат, на повеќе од 200. милиони луѓе.

Тест со помош на ТЕМПЕРАТУРА
Д-р Брода Барнс открила тест со кој можете да провери дали сè е во ред со вашата тироидна жлезда.
Наутро, веднаш по будењето, измерете ја температурата на вашето тело. Резултатот е познат како базална температура во раните утрински часови, и ако сè е во ред, треба да биде помеѓу 36,5 и 36,8 степени Целзиусови.
Ако базалната температура во раните утрински часови е пониска од 36,5 степени Целзиусови, веројатно станува збор за намалена функција на тироидната жлезда, односно хипотироидизам. Симптоми кои укажуваат на ова нарушување во работата на тироидната жлезда се и депресија, замор, недостаток на енергија, чести главоболки, слаба концентрација.

Прави ХАОС во организмот
Тироидната жлезда знае да предизвика многу проблеми, а симптомите кои укажуваат на проблеми со неа често се шират и се припишуваат на други болести. Тироидната жлезда е жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во предниот дел на вратот.
Базална температура рано наутро повисока од 36,8 степени Целзиусови укажува на забрзана работа на тироидната жлезда, односно хипертироидизам или инфекција во телото.
Од витално значење е затоа што влијае на скоро сите органи во телото. Таа е одговорна за производство на хормони и нивно регулирање, влијае на метаболизмот и индиректно на тежината и дигестивниот систем.

- Advertisement -

Тест со помош на ЧАША ВОДА
А, постои еден едноставен тест што можете да го користите за да откриете дали тироидната жлезда е загрозена. Сè што ви треба за овој тест е чаша вода и огледало. Земете неколку голтки вода и погледнете се во огледало за да видите дали има некои големи промени во вратот при голтање, како што се нерамнини или големи разлики во големината.
Дури и ако забележите испакнатини, не треба веднаш да се плашите од најлошото, бидејќи не мора да укажува на рак, но секако би било одлично да се консултирате со лекар за да отстраните какво било сомневање за можни нерегуларности.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави