Тоа од што се плашеше сите луѓе е на врата: Kој нема да се вакцинира не може да работи

- Advertisement -

Израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн потврди дека земјата планира да им забрани да работат на оние не примиле вакцина против коронавирусот, додавајќи дека секој кој ќе фалсификува потврда за вакцинација ќе заврши во затвор.

„Ќе има работни места на кои работниците за да можат да работат ќе мора да се вакцинираат или да се тестираат на секои 48 часа“, изјави министерот.

Тој не прецизираше за кои професии станува збор, но повика сите да се вакцинираат за да може животот да се врати што побрзо во нормала, пренесе Sputnik.

- Advertisement -

„Вакцинираните и оние кои го прележале вирусот ќе можат од недела да одат во теретани, хотели, синагоги и на концерти“, изјави министерот додека зборуваше за израелскиот систем на „зелени пропусници“ кои стапуваат на сила од 21 февруари.

Пропусници ќе добијат сите кои се вакцинирани или закрепнати од COVID-19.

Еделштајн изјави дека израелските власти веќе заплениле низа лажни документи за вакцинација и предупреди дека секој кој ќе има фалсификувана потврда ќе заврши во затвор.

- Advertisement -

Израел е лидер во светот по број на вакцинирани, веќе се искористени скоро седум милиони дози.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави