Топла вода со куркума наутро – неверојатна работа за организмот!

- Advertisement -

Сите ние се трудиме да консумираме здрава и корисна храна, но често не сме ни свесни колку таа може да делува врз нашиот организам и колку може да придонесе за нашето здравје.

Кога станува збор за куркумата – веќе многу е кажано, напишано, и прераскажано на оваа тема, за неверојатните бенефити од овој чудесен зачин, но еве уште еден интересен начин за одржување на тонусот на организмот. Она што е исто така, важно, е тоа што за сите е достапен овој зачин.

Една жена од Велика Британија одлучила да спроведе експеримент и започнала куркумата да ја додава во топла вода која ја пиела секое утро. Веќе за една седмица забележала позитивни промени: подобрено варење на храната, и се исчистила кожата од лицето и утринското будење и станало полесно.

- Advertisement -

Освен фактот што куркумата е еден од најкорисните зачини, кој на јадењата им дава арома и боја, таа исто така благопријатно му делува на организмот на тој начин што поседува противвоспалителни, антиоксидативни и подмладувачки својства.

Главната состојка која е одговорна за сето тоа е куркуминот. Благодарение на него, водата со куркума е еден од најлековитите напитоци, па затоа често го нарекуваат еликсир на здравјето.

РЕЦЕПТ за овој чудесен напиток

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • ½ кафена лажичка куркума
  • 200 мл топла вода или млеко
  • неколку капки ладно цедено масло за подобра апсорпција на активната состојка (кокосово, маслиново, ленено…)

ПОСТАПКА:

Промешајте ја куркумата во топлата вода. Се пие пред или после појадокот. Може да се додаде прстофат црн пипер и на тој начин мешавината побрзо и подобро се апсорбира. Исто така, додадете и неколку капки ладно цедено масло.

Пијте го овој напиток две седмици, после тоа направете пауза од две седмици.

За превенција и лекување од настинки во овој напиток додадете лимонов сок и мед.

ДЕЈСТВО ВРЗ ОРГАНИЗМОТ

  • Здравје на срцето. Куркуминот спречува создавање на тромбови.
  • Подобрување на варењето. Ја нормализира дигестијата и го забрзува метаболизмот.
  • Заштита на црниот дроб. Ги обновува оштетените клетки.
  • Ги олеснува симптомите на артритис. Намалува отоци и ублаува болки подобро од диклофенак.
  • Превенција од рак. Познато е дека канцерот се развива во кисела средина, а куркумата делува алкализирачки и на тој начин го штити здравјето.
  • Позитивно влијае врз здравјето на лицата заболени од дијабетес.
  • Студија од Универзитетот Обурн од 2009 година покажала дека куркумата може да ја подобри општата здравствена состојба на заболените од дијабетес.

КОНТРАИНДИКАЦИИ: Ако боледувате од хемофилија и хипертонија и примате лекарства, советувајте се со вашиот лекар пред да консумирате куркума, затоа што куркумата ја разредува крвта и го намалува притисокот, па може да го зголеми дејството на лековите. Покрај тоа, може да го намали и нивото на шеќер во крвта, што значи дека и лицата кои патат од дијабетес и примаат лекарства, треба да се консултираат со својот лекар.

Исто така, би можело да биде опасно и за лица кои имаат заболена жолчна кеса и камења во неа, бидејќи куркумата предизвикува контракции на мускулот на жолчната кеса и производство на жолчен сок.

Куркумата е контраиндицирана:

  • во големи дози за време на бременост и кај болести како гастритис и желудник
  • за деца под 5 годишна возраст.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави