Точи: Фармацевтските компании и приватното здравство профитираа на маката на граѓаните и не беа спречени во тоа. И тоа уште трае!

- Advertisement -

Почитувани читатели ви пренесуваме став на ФБ од Менче Точи:

Многу луѓе си замина, блиски, познати и непознати, нечии родители, браќа, сестри деца. Стана бесмислено се друго, освен борбата за живот.

Цела година додека луѓето се соочуваат со пандемијата, изложени на големи трошоци за лекови, витамини, снимања, анализи, тестови- немаше замрзнување на цените, ниту на прехрамбените производи ниту на лековите, тестовите, лекувањето во приватните болници.

- Advertisement -

А, ПАНДЕМИЈА е! Фармацевтските компании и приватното здравство профитираа на маката на граѓаните и не беа спречени во тоа. И тоа уште трае! Какво злосторство беше на почеток на пандемијата кога немаше маски, па не “одраа” за по 300-400 денари една.

Три маски за 1400 денари од тип кој шитка на клупите во Капиштец- наводно имал фирма, а се испостави дека е инспектор во МВР.

А, дожд истура, земи или шетај без маска. Маки! Хируршка 50 денари под рака во аптека и тоа само три! Па потоа ги симнаа -10 маски КН 95 за 1800 денари-радост!

Ќе останат многу изгубени човечки животи, многу осиромашени семејства и овие трауми. Трауми од профитерството!

Последни објави

spot_img

Поврзани објави