Тој 24, таа 77, го прашаа ШТО ЌЕ ПРАВИ КОГА ЌЕ УМРЕ, ова е неговиот ОДГОВОР

- Advertisement -

Гери Хардвик (24) вели дека ја запознал љубовта на неговиот живот, Алмеда (77) пред шест години на погребот на нејзиниот син Роберт.

Тој тогаш немал идеја дека овој настан ќе му го промени животот.

Двајцата тврдат дека разликата од 53 години не им пречи и дека тие се повеќе се заљубуваат секој ден.

- Advertisement -

Додека повеќето луѓе се шокирани кога ги гледаат нивните заеднички фотографии, на Гери и Алмеда им е сеедно.

 

– Секој ден повторно се заљубувам во неа, таа е моја сродна душа. Најважна е хемијата во врската, а не разликата во возраста. Познавам луѓе на иста возраст кои едноставно не се компатибилни затоа што имаат различни интереси  – рече Хардвик и призна кое прашање буквално го прашуваат сите.

– Секогаш ме прашуваат: Што ќе правиш кога таа ќе умре? Како прво, тоа е чудно и непристојно прашање. Само затоа што сте во врска со некој постар од вас, не значи дека ќе умре прв … Јас може да умрам пред Алмеда. Но, никој тука не ветува денес или утре, и јас навистина не размислувам за тоа. Тоа не е нешто со што се оптеретуваме двајцата – објасни Гери.

 

Двајцата признаваат дека нивниот секс е одличен и дека првпат спиеле по венчавката.

– Беше прекрасно, не можев да го очекувам тоа дури ни во најлудите соништа. Таа е навистина моја жена од соништата и физичката страна на нашата врска не може да биде подобра, изјави Гери

 

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави