Трамп влетал на свадба, го зел микрофонот и почнал со навреди кон Бајден (ВИДЕО)

- Advertisement -

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се појавил на свадбата и одржал политички говор во врска со границата со Мексико, Џо Бајден, Кина и Иран. Во еден момент, Трамп го зел микрофон на свадбената церемонија и веднаш почнал со политички теми.

– Дали ви недостигав?, се пошегувал тој на почетокот, а потоа започнал да зборува за ситуацијата на границата со Мексико и повторно за претседателските избори во ноември, кои ги загуби. – До мене стигнуваат сите наслови од медиумите, читам за границата, за Кина, Иран, рече Трамп пред гостите, што може да се слушне на видеото објавено од ТМЗ. – Бевме подготвени да склучиме договор, тие беа подготвени на сè, тие ќе стореа се. И тогаш тој лик (Бајден) доаѓа и ги укинува санкциите и сега тие сакаат да преговараат, рече тој.

Потоа започнал да зборува за границата („Не е добро на граница“) и за бројот на гласови што ги добил на изборите („Добивме 75 милиони гласови, никој досега не освоил толку многу“) и доби бурен аплауз за неговиот говор. Трамп во својот говор накратко го спомнал и братот на младоженецот Џим: „Џим е единствената личност што ќе се справи со граничното прашање поостро отколку јас“, рече тој. Џон и Џим Ариго се долгогодишни соработници на Доналд Трамп и членови на неговиот приватен клуб Мар-А-Лаго. Според „Базфид“, браќата, заедно со таткото Џо, имале чест да се возат со претседателскиот авион „Ер форс уан“ во 2017, заедно со неколку донатори на кампањата.
По политичкиот говор, Трамп кратко им се обратил и на младенците.

- Advertisement -

„Вие сте одлична и прекрасна двојка“, рече тој.

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави