Разговараат тројца кимонџии, Французин, Американец и Македонец. Американецот се фали:
Куќата ми е на едно рамно поле. Кога се враќа дома, свирам со сирената од далеку, штом ќе ја здогледам куќата и кога ќе стигнам – каминот запален, јадењето во рерната, а жената и децата ме чакаат на верандата.
А мојата куќа е на еден висок рид – рекол Французинот. – Кога се враќам, ги пуштам долгите светла и кога ќе влезам дома – шампањското е отворено и жената ме чека гола во креветот.
Јас пак – рекол Македонецот, – живеам во едно село. Кога се враќам дома, го паркирам камионот на влезот од селото. Ја земам хеблата и одам пешки до мојата куќа. Не влегувам внатре, туку одам под прозорецот на спалната соба и чекам. До сега само еден ми избега…