УБАВАТА БРЕНА СЕ ЗАКОЛНИ ВО ОВАА ДИЕТА СО КОЈА ИЗГУБИ И ДО 17 КГ: Ги топи мастите со брзина на светлината

- Advertisement -

УБАВАТА БРЕНА СЕ ЗАКОЛНИ ВО ОВАА ДИЕТА СО КОЈА ИЗГУБИ И ДО 17 КГ: Ги топи мастите со брзина на светлината
Лепа Брена успеа да ослаби 17 килограми за шест месеци благодарение на посебен режим на исхрана, кој, во почетокот, не ѝ бил лесен.

Навистина звучи невозможно да се издржи диета шест месеци“, изјави популарната пејачка во едно свое интервју, додавајќи дека на тој чекор ја натерал коментарот на еден келнер, кој кога ја видел, верувале или не, рекол: „Мислев дека ќе дојде популарната пејачка, а пред себе гледам трафостаница.Иако коментарот бил болен за неа, 59-годишната пејачка одлучила да го донесе своето тело во совршена состојба.

– Обично појадував едно или две јајца наутро. Настојував тоа да бидат органски јајца. За ручек обично јадев посна супа, без маснотии и тестенини. Всушност, тоа беше вода во која зеленчукот беше само бланширан, а не варен до степен да се уништи, па да не добиете ниту еден витамин од целата приказна. Дефинитивно имаше некое месо печено на скара или варено месо, затоа што е полесно за дигестија. За вечера, јадев парче риба или месо, со салата“, раскажала Брена.

- Advertisement -

1-ви ден

Појадок: Мусли направени од овесна каша, бадеми и свежо овошје

Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.

- Advertisement -

Вечера: Густа супа или голема чинија со младо сирење.

2-ри ден

- Advertisement -

Појадок: Салата и 2 варени јајца. За салата ви се потребни: 1 лажица зелка, половина шолја моркови, половина шолја цвекло, 1 лажичка масло. Подготовка на салатата: откако ќе ги измешате состојките, прелијте ги со малку масло.

Ручек: Чинија со густа супа од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук по избор.

Вечера: Салата. Потребни ви се: 1 морков, 1 краставица, 1 шолја црвена зелка, половина праз, 1 шолја зелена салата, рукола, бебешки спанаќ, половина кафена лажичка масло, половина лажица сок од лимон, 150 гр печено пилешко/конзервирана туна, чаша јогурт.

Подготовка: Откако ќе ги исечете состојките, изблендирајте ги и уживајте во здрава ужина.

3-ти ден

Појадок: Омлет со брокула и сирење.

Ручек: чинија густа супа од зеленчук, 150 гр стек на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Медитеранска салата од туна. Потребни ви се: ¼ зелена салата, 100 гр пиперка, ¼ црвен кромид, ½ краставица, ½ зелена пиперка, 20 гр фета сирење, 20 гр маслинки, ½ лажичка оригано, ½ конзерва туна во маслиново масло, 15 ml сок од лимон, ½ лажица масло, 200 мл јогурт. Подготовка: Измешајте туна, зелена салата, бибер, црвен кромид, краставица и бибер. Додадете сирење и маслинки и јогурт. Промешајте дополнително, додадете сирење, маслинки и прелијте со сок од лимон.

4-ти ден

Појадок: Омлет и салата.

Ручек: Чинија со густа супа, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Цезар салата.

5-ти ден

Појадок: Мафини со пиперки, печурки и јајца.

Ручек: Чинија со густа супа од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Сезонска витаминска салата со коцки месо, пишува Story.hr.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави