Утрешен предлог за ручек – Ќофтиња со топен кашкавал во сос

- Advertisement -

Утрешен предлог за ручек – Ќофтиња со топен кашкавал во сос.Ќофтињата се вкусен и одличен оброк наменет за секоја пригода.

Најдоброто е што секогаш може да експериментирате со вкусовите и да додавате различни зачини и сос по желба.

Посебноста на следниве ќофтиња е нивната внатрешност. Таа е исполнета со моцарела сирење, а тоа е дополнителен бонус кој само го збогатува и онака прекрасниот вкус на храната.
Потребни состојки:

- Advertisement -
  • 450 g мелено мисиркино месо
  • 1 изматено јајце
  • ¼ чаша лебни трошки
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица сушен босилек
  • ¾ лажица оригано
  • ½ лажица сол
  • ¼ лажица црн пипер
  • 110 g моцарела сирење, исечкано на мали коцки
  • ½ чаша рендано/ситно сецкано моцарела сирење
  • 3 чаши маринара сос

Начин на подготовка:

Во голем сад со раце се мешаат мисиркиното месо, јајцата, лебните трошки, Вoрчестер сосот, лукот, босилекот, ориганото, солта и црниот пипер.

Земете парче од моцарела сирењето и обвиткајте го целосно со смесата од месо, правејќи топчеста форма. Повторувајте го процесот, сè додека не се потроши смесата.

- Advertisement -

Во голема тава загрејте масло на средна топлина. Пржете ги ќофтињата по 2 минути од секоја страна, додека не добијат убава кафеава боја.

Ќофтињата се преливаат со маринара сосот и се динстаат на средна температура, покриени со капак уште 10 минути.

- Advertisement -

На крај, посипете го врз нив ренданото/сецканото моцарела сирење и сервирајте.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави