ФИЛИПЧЕ: Антитела ќе се проверуваат на државен трошок, но ќе има категории кој може да се испитува

- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела на Институот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје, но ќе има категории кое лице ќе може да се испитува.

Институтот утрово соопшти дека согласно дописот од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), почнувајќи од вчера кај нив нема да се работат тестови за концентрација на антитела кон САРС-КоВ-2 на товар на ФЗОМ.

„Оваа услуга ќе биде достапна и натаму само на товар на пациентите (приватно) и ќе чини 736 денари“, стои во соопштението.

- Advertisement -

Министерот на прес-конференција пред „А1 арената Борис Трајковски“ кажа дека денеска разговарал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле оти треба да продолжи праксата овие тестови да бидат покриени од државен трошок, но оти ќе мора да се воведат категории.

„Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето ја прележало болеста, дали треба индикација за доза и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории“, кажа Филипче.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави