(Фото)Карлеуша направи нова необична тетоважа

- Advertisement -

Пејачката Јелена Карлеуша важи за една од најпопуларните и најскандалозни пејачки на балканските простори. Медиумите постојано ја следат во секој чекор, но и таа често знае да ги изненади со „уникатни“ фотографии фановите и медиумите кои подоцна ги коментираат со недели. Смелите модни избори, провокативните фотографии и заводливите погледи се чест избор за пејачката.

Некој од нејзините фотки знаат да бидат и шокантни, а една таква е последната фотографија објавена на социјалните мрежи. Сега популарната Карлеуша ги израдува фановите, но не со фотка од своите бујни облини, туку со нешто „диво“.

Имено, Јелена објави фото-портрет, а во преден план нејзината нова необична тетоважа. Имено, таа е зборот „wild“, што значи „дива“, го истетовирала на внатрешноста на долната усна. Овој тренд е обичај кај холивудските диви или светски познатите пејачки, а по се изгледа се пренесува и на Балканот.

- Advertisement -

Последни објави

spot_img

Поврзани објави