(ФОТО) Иле од Кочани кој живееше затрупан во ѓубре доби модерен дом – живото му се менува

- Advertisement -

На почетокот на годинава вниманието на јавноста ја привлече веста за младиот 26-годишен Илија Крстев од Кочани.  Младо момче кое живее сам во тешки услови, со неколку кучиња крај себе.

Иле немал добро детство. Тој бил земен од неговата мајка и однесен во домот за децата. Бидејќи мајката била псих ички неспособна сама, а немал татко да го чува. Секој може да замисли што значи тоа за нежна детска душа.

- Advertisement -

Иле како 18-годишник мораше да се пресели таму и одеднаш беше сам со себе. Неколку години живеел во главниот град, но неодамна се врати во својот роден град во стара куќа во сопственост на неговата мајка. Мајката е сместена во клиника за ментално здравје.

Неговиот дом, ако може да се нарече така, беше полн со смет, а тој не може да се снајде сам да направи ред, и му требаше помош. Пред шест месеци побарал помош од социјалните служби, но ништо не се случило.

Иле на себе носеше кошула со кратки ракави, стари пантолони, палто старо околу 50 години, како и чевлите што ги носи. Тој имаше распаднат кревет, немаше вода, немапе греење.

Сторијата за Иле допре до многумина, пред се од неговиот град Кочани, но и околните места и пошироко, како и од дијаспората. Граѓани се организираа и веднаш стапија во акција.

Хумани луѓе го исчистија неговиот дом, му донесоа покуќнина, кревет, шпорет, елементи за бања која што ќе добие плочки како и кујната. Доби и дрва за огрев со кои ја помина зимата.

Меѓу другото Иле доби вработување, голема помош, а хумани граѓни започнаа полека но сигурно да го реновираат негобио дом.

Работите течат добор, па полека но сигурно неговиот дом добива нов, може да кажеме модерен лик. Кога ќе се погледнат фотографиите каква беше куќата на Иле на почетокот на годината и сега разликата е јасна – небо и земја.

Klaster

Последни објави

spot_img

Поврзани објави