Фризурите направени дома станаа хит за време на пандемијата на коронавирусот. Поради заклучувањето, многумина не можеа да одолеат, па си ја истрижаа својата коса, како и на своите миленици.
Но, дека ова може да оди во сосема погрешна насока, докажува видеото објавено на TikTok од @boygeelocc. Една жена решила сама да ја скрати косата на кученцето.
Со екелтрична машинка му го скратила поголемиот дел од крзното, но проблемот настанал кога стигнала до нејзината глава. Нејзиното кученце повеќе не сакаше да соработува, па на крајот мораше да го пушти.
„Следниот пат ќе им го оставам ова на професионалците“, призна таа.
Нејзиното куче, инаку мешавина од чивава и ших цу, започна да бега наоколу, а со својот изглед по фризурата неодоливо личеше на лав.