Викендов во Охрид сликата е како да се наоѓаме во сред летна сезона. Тоа е заради одлуката на голем број граѓани кои одлучија продолжениот викенд да го искористат покрај Охридското Езеро. Најголем број од посетителите се од Скопје, Битола и другите градови, но има и гости од регионот.




Во градот, заедно со туристичките водичи има и повеќе групи кои го користат убавото и сончево време во Охрид. Маркетите, кафичите се полни, а скоро во целост се исполнети и сместувачките капацитети.




Во бутиците има голема раздвиженост, а оние кои се наоѓаат во центарот на градот мора да направат ред дури до надвор, а таква е сликата и во маркетите.




Низ центарот и шеталиштето има присуство на полицијата која ги казнува прекшителите на мерките за заштита од Ковид-19.
Во доцните попладневни часови (уште повеќе утре) се очекува гужвата да е најголема во црквите, кои се 365 на број.



