ФОТО Приказната на Татјана Стојановска и на Михаил е како љубовен роман

- Advertisement -

Татјана Стојановска е една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки, жена која го негува литературниот македонски јазик и е секогаш елегантна и средена.

ТВ презентерката Татјана Стојановска беше гостинка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде пред камерата откри детали од својата телевизиска кариера која трае 25 години, за релацијата мајка-син, за стареењето, но и за љубовниот живот.

Таа веќе неколку години е во врска со својот сакан Михаил за кого вели дека ја освоил со својот интелект и шарм.

- Advertisement -

-Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис..

Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.

Татјана на широко на Михаил, кој е маркетинг консултант зборуваше во „Еден на Еден“ со Жаре. Миахил ја изненади со видео во кое зборуваше каква е Тања кога е лута. Јавноста, секогаш ја доживува како смирена и сталожена.

- Advertisement -

-Каква е Тања кога е лута? Тоа многу ретко се случува и кратко трае. Меѓутоа, кога е така, јас гледам да закажам предавање. На Гренланд. И таму е се океј. На Гренланд“, рече Михаил за својата партнерка. На ова Тања, на многу интересен начин му одгововори.

– Епа, нема подалеку. Да, така е. Си знае Михаил, ме има научено. Не ме чепкај додека не ми помине лутината, ама навистина брзо ми поминува. Јас кога сум лута се објаснувам, да му објаснам на тој зошто сум лута.

- Advertisement -

Јас се објаснувам, аргументирам. Сега, тој треба да е тука, значи умен соговорникот, да заќути, да ме сослуша и ќе ми помине. Може и да ми опонира, ама важно јас да си се искажам.

Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…

Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.

Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите околу него. Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:

Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана. Презентерката никогаш досега не била толку отворена за својот приватен живот.

За разлика од Тања која на социјалните мрежи ретко открива приватни моменти. Михаил е поинаков. Тој на својата кавер фотографија е со Татјана, а на сликата се гледа дека уживаат во Загреб.

Парот никогаш не изгледал посреќно и повљубено, а пеијателите со коментарите под фотографијата се согласуваат со оваа наша констатација.

Ако има после дискусија од типот: Не сум во право, ќе се најдеме, ама работава е прво јас да си го кажам тоа. “, рече Тања. Потоа следуваше реченица која на Татјана ѝ предизвика силни емоции.

– Драга Тања, сакам да ти се заблагодарам за балансот што го правиш во потесното и во поширокот семејство, во секојдневието, во секој момент, бидејќи тоа претставува еден клучен фактор за стабилност и за мир.

Меѓудругото, за истото, многу те почитувам и те сакам“, рече Михаил во пораката која ѝ ја испрати. Додека го гледаше видеото, на Тања ѝ навреа солзи на очите и за малку ќе заплачеше.

– Ееее, и јас те сакам! Да, да тој секогаш вика, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам… Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.

Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно.

Тој по потреба, јас по потреба, Па, тука и се согласуваме, со истиве работи, со исти вредности, со исти ставови за животот…Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…

Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.

Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите окоилу него. Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:

Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана. Презентерката никогаш досега не била толку отворена за својот приватен живот.

Михаил ја смени својата насловна фотографија на Фејсбук на која е со Тања, а во коментарите се откри дека денес тој всушност слави роденден. Тој доби многу роденденски честитки, но една се издвојува од сите.

Имено, пријателим посака на Михаил и на Тања да имаат мнногу љубов и ја нарече нивната приказна љубовен роман.

-Ви посакувам, во вашиот живот да биде најубав љубовен роман, испишан со вашите искрени чувства и исполнет со радосни случувања,роман за една прекрасна љубов која од ден на ден ќе биде се поцврста и постојана, за неизмерна љубов која вечно ќе трае.

Ви посакувам секое утро нестрпливо да започнете да пишувате нова страница од љубовниот роман, поубав и посодржаен од претходниот ден, и секоја вечер да се потсетувате исполнети со среќа и блаженство.

Ви посакувам страниците на вашиот прекрасен роман да се нижат до бескрај, и плодовите на вашата љубов,вашите деца, а исто така и вашите следни поколенија, вашите внуци и правнуци, со восхитување и и неизмерно почитување да зборуваат за вас и да бидат горди на вас.

Само напред Михаил и Татјана браво“, напиша пријателот.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави