ФОТО: Роналдо им избега речиси на сите, но Билјана успеа да го „фати

- Advertisement -

Фудбалскиот свет се уште зборува за чудото кое го направи Македонија, победата над Германија на гостински терен со 1:2.

Но, се уште се зборува и за потегот кој го направи Роналдо во Србија, кога Португалија одигра нерешено 2:2, а пред крајот на средбата, капитенот на гостите ја фрли и капитенската лента.

Роналдо при доаѓањето во Белград порача дека воопшто не сака гости во хотелот каде се наоѓа тој, како и безбедносни мерки во кои беа ставени и дел од неговите соиграчи.

- Advertisement -

Сепак, не секој беше опфатен со таа „мерка“. Новосадската мисица Билјана Драгаш објави фотографија која ги изненади сите во Србија, но и светот.

Таа успева секојпат кога Роналдо е во Србија да се сретне со него, а истото се случи и овојпат.

Мис Билјана, како што може да ја најдете на Инстаграм, објави заедничко селфи со Роналдо, на кое се гледа како Португалецот е видно насмеан.

- Advertisement -

Последни објави

spot_img

Поврзани објави