Синот на актерката Весна Бејби, се пофали дека нејзиниот син Кирил стана полнолетен. Таа објави фотографија и напиша дека не ѝ е лесно што не е тука за заедно го прослават неговиот 18 роденден. Таа напиша дека тој е кај неговиот татко во Хјустон.
„Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска. Демек сум кул и ок. Тој стана полнолетен дечко.
Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: ‘Ваш е?’. Ја погледнав со насмевка и одговорив: ‘Највеќе е мој’. Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, напиша Бејби на „Фејсбук“.
За потсетување, Кирил Тренкоски, замина во САД кај својот татко Јанко Тренкоски. Тој е во Хјустон каде ја изучува четвртата година од гимназијата, а таму ќе ги продолжи и студиите.