Хемороидите се меѓу најчестите здравствени проблеми кај човекот, а многумина ги занемаруваат симптомите.
Хемороидите се болест на отечените крвни садови во и околу анусот и долниот дел на ректумот кои под притисок се прошируваат.
Една од почестите причини за добивање на оваа непријатна болест е напрегање во пределот на стомакот, а се појавува и како последица на бременост, стареење, генетика, дијареја, долготрајно седење и анални инфекции.
Симптоми: чешање;непријатно „пецкање“;проблеми и болка при вршење физиолошка потреба;крвавење.
Надворешни и внатрешни хемороиди
Надворешните хемороиди можат да се видат и однадвор, а покриени со чувствителна кожа. Кога во еден од нив ќе се развие грутка се создава оток на излезот од аналниот канал, а присутни се како тврди и болни израстоци.
Крвавите само доколку истите пукнат, а вообичаено се повлекуваат по терапија која најдобро е да ја побарате од вашиот доктор. Симптоми за надворешни хемороиди се непријатно „пецкање“, болка околу анусот. Целото подрачје околу аналниот отвор е чувствително, црвено, болно и ве чеша.
Внатрешни хемороиди се развиваат внатре во анусот, препознатливи се при крвавење кое настанува при извршување на физиолошка потреба. Симптоми за внатрешни хемороиди се столица покриена со светла крв, крв на тоалетната хартија…
Лекување
Хемороидите главно мора да се лекуваат, но ретко кој сака да ја признае оваа болест и да се консултира со доктор.
Поради тоа не е познато колку луѓе патат од оваа болест, а се претпоставува дека секоја втора личност постара од 50 години го има тој проблем.
Оваа непријатна појава се лекува преку терапија со топла купка, специјални креми, но и консумирање храна богата со растителни влакна.