Цела недела мислела дека е настината, а потоа лекарите ѝ ја соопштиле вистината: „Се разбудив со парализа“

- Advertisement -

Нутриционистка, 29-годишната Данијел Фергусон од Калифорнија цела недела во август се чувствувала забавено и лошо. Тоа го препишала на настинка затоа што симпотмите биле слични. Меѓутоа, една вечер покрај симптомите на настинка почувствувала како и вилицата ја боли,. како некој да ја удрил и јазикот ѝ се вкочанил. Легнала да спие мислејчи дека утрината симптомите ќе исчезнат.

Меѓутоа, утрината установила дека не ја чувствува целата десна страна од лицето.

-Родителите ме однесоа во Брза помош каде ми беше дијагностицирана Белова парализа и ми препишаа терапија. Ми беше кажано дека е од стрес и дека не сум можела да направам ништо за да го спречам тоа што се случило – рекла за медиумите Данијел, додавајчи дека десната страна на лицето ѝ е парализирана и ден денес.

- Advertisement -

Вели дека на почетокот многу тешко се носела со таа дијагноза и дека прво избегнѕвала да излегува надвор затоа што се срамела од своето лице. Во меѓувреме го надминала тоа и сега отворено зборува за својата состојба.

Фацијалис или Белова парализа е акутно заболување на седмиот фацијален нерв.

Симптомите настануваат акутно – веѓите се спуштени и болниот не може да го собере челото. Окото е отворено, долниот капак виси и при обид да се затвори – јаболчницата се движи нагоре и нанадвор, солзите се прелеваат преку долниот капад. Усната е опуштена на болната страна, храната се собира меѓу образите и непцата, при покажување на забите евидентна е слабост. Во зависност од локализацијата на лезијата може да се јави и моторна слабост, или освен слабост да се јави и губење на чувстото за вкус на предните две третини на истата страна на јазикот и болната хиперкаузија. Кај 7% од заболените парализата може да се јави два или повеќе пати.

Оваа болест ги погодува сите старосни групи, но сепак, најчесто се јавува меѓу 15. и 40. години од животот. Здравствените проблеми всушност предизвикуваат пореметување во комуникацијата меѓу мозокот и мускулите на лицето, Тогаш доаѓа до слабост или парализа така што личноста не може нормално да се насмее или да го затвори окото. Беловата парализа засекогаш го зафаќа едниот дел од лицето поради што потсетува на мозочеј удар.

Меѓутоа, лекарите ширум светот се уште не ја знаат точната причина за овој проблем. Она што може да се нарече среќа во несреќа е минливоста. Имено, симптомите од оваа парализа исчезнуваат после неколку недели или месеци и ретко ги мачат луѓето цел живот, наведува клиниката Мејо.

Со Беловата парализа инаку се бореле и Анџелина Џоли, Џорџ Клуни и Пирс Броснан.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави