Целосен карантин за Велигден – ова е прва европска држава што ја донесе оваа одлука

- Advertisement -

Италија ќе оди во општ карантин во текот на католичките Велигденски празници, според нацрт-уредбата којашто агенцијата Reuters ја имала на увид во петокот, во периодот кога новата влада во Рим се бори со забрзаното ширење на коронавирусот ширум земјата.

Продавниците со ненеопходни производи ќе бидат затворени од 3-ти до 5-ти април.
Италијанците преку ден ќе смеат да излезат од своите домови поради работа, здравствени причини или вонредни ситуации.

Во нацрт-уредбата којашто би требало да биде усвоена подоцна во петокот, се наведува и дека од понеделник рестриктивните мерки ќе бидат заострени и во „жолтите“ региони, во оние во кои ризикот од зараза е низок.

- Advertisement -

И во нив строго ќе се ограничи движењето меѓу градовите, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени.

Покрај ограничувањата на национално ниво, Италија управува со мерките во поеднечните реагиони врз основа на системот на четирите бои со коишто ги означува и кои се ревидираат на седмично ниво: бели, жолти, портокалови и црвени.

Од вкупно 20 региони, три на југот на земјата се „црвени“, десет се „портокалови“, шест се „жолти“ а само Сардинија е „бела“, според мапата којашто во петокот беше објавена на интернет страниците на италијанската влада.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болесите (ECDC) од четвртокот, Италија во изминатите две седмици на 100.000 жители просечно имала 433 новозаразени. На оваа листа најлошо стои Чешка со 1.572 новозаразени на 100.000 жители.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави