Емотивна снимка која ќе ве потсети дека вашето ‘малку’, некому може многу да значи и да му го разубави денот.
Лицата со попреченост долго беа маргинализирани во општеството и тоа не само кај нас, туку во цел свет.
Меѓутоа, снимката која стана вирална на социјалните мрежи докажува дека работите се менуваат и дека секој од нас може да направи нешто за да му го разубави животот на лице со попреченост.
Имено, девојката дошла во ресторанот да го прослави својот роденден, а потоа персоналот ѝ подготвил изненадување за паметење – готвачот со растопено чоколадо во голем сад со Брајова азбука испишал роденденска честитка.
Славеничката најпрвин била изненадена кога келнерот ѝ го принел садот, а потоа била воодушевена кога ја прочитала пораката.
@natbysight I’ll never forget this moment. #braille #blind #blindtiktok #viralvideo