Црвенилото во очите е знак за сериозно заболување

- Advertisement -

Црвенилото на, околу и во очите може да претставува симптом на некаква болест, предупредуваат здравствените експерти. Спуштените очни капаци може да укажуваат на мозочен удар и во ретки случаи на рак на белите дробови.

Треперењето на окото се јавува поради зголемен стрес, а белиот прстен околу ирисот може да биде знак на зголемен холестерол. Белите очни капаци се знак на анемија.

Недостигот на железо може да се открие во усната празнина и на образите.
Црвенилото во очите најчесто е безопасно, но доколку се забележи дека белките во окото често се црвени, тогаш тоа може да биде поврзано со зголемен притисок или висока температура.

- Advertisement -

Црвенилото во очите може да биде и последица од воспаление на рожницата на окото или алергиски конјунктивитис.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави