Црвениот кромид има голем број предности за организмот, а повеќето лековити својства се препишуваат на неговите антиоксиданти и сулфурни соединенија.
Кромидот ги спречува воспалителните процеси, го намалува ширењето на инфекциите во организмот, делува антибактериски и антигабично, го штити здравјето на срцето и крвните садови…
Сепак, некои луѓе не би требало да го консумираат, односно треба да внимаваат кога и колку го внесуваат во организмот.
Црвениот кромид не се препорачува за луѓето со: Болести на црниот дроб и бубрезите; историја на колитис; проблеми со дигестивниот тракт, особено со зголемена киселост на желудник, гастритис, гастродуоденитис, чир, панкреатитис, надуеност; алергиски реакции; индивидуална нетолеранција; синдром на иритабилно црево и со претпазливост треба да го консумираат астматичарите и луѓето со висок крвен притисок, а не е препорачливо да го јадат трудниците.