Црвениот ѓердан на првата дама на Хрватска за кој сите зборуваат е дело на македонска дизајнерка: Ивана Кнез за уникатното парче накит на Сања

- Advertisement -

За Сања Мусиќ Милановиќ, првата дама на Хрватска, хрватските модни новинари велат дека секогаш воодушевува со изборот на добар накит.

Во дневните варијанти, тој е примерен и елегантен, но на формалните настани, тој е авангарден, важен и импозантен, објави магазинот „Глориа“. Заслужна за новата модна приказна која гордо ја раскажува сопругата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е македонската дизајнерка со хравтско потекло Ивана Кнез.

На годишната изложба на остварувањето на хрватските архитекти во елитниот дел на Загреб, Пантовчак, првата хрватска дама носеше уникатно парче накит, ѓердан кој го потпишува токму нашата Ивана Кнез, а „Глориа“ на вистински начин ја опишува, како моден погодок и совршено надополнување на целосниот стајлинг на Сања Мусиќ Милановиќ.

- Advertisement -

Таа носеше црн фустан со должина до под колена, во комбинација со црни салонки и очила. „На тој начин му даде простор на ѓерданот, кој беше главна ѕвезда на комбинацијата на Сања“, се вели во „Глориа“.

Ова уникатно парче, креаторката на брендот за накит „Драма“, Ивана Кнез го создаде токму за д-р Мусиќ Милановиќ, која е познат епидемиолог. Хрватскиот магазин понатаму вели дека Сања е воодушевена од дизјанерката Кнез која смета дека таа може и знае да носи такви модни додатоци.

Ивана и Сања веднаш „кликнаа“ во оваа приказна. Нашата дизајнерка своето умеење кое го научила на Академијата во Белград каде што дипломирала костимографија, сега го вложува во уникатни парчиња накит, токму какви што сака да носи сопругата на хрватскиот претседател. Ексклузивно за Женски магазин, Ивана Кнез раскажа за соработката со д-р Сања Мусиќ Милановиќ.

-Конекцијата се случи природно и спонтано. Имаме заеднички познаник. Ме вооодушеви изгледот и стилот на Сања Мусиќ Милановиќ, првата дама, и тоа беше појдовна точка за дизајнот на уникатното парче накит. Првата дама е жена со префинет вкус која сметам дека може да ги носи моите дизајни на нејзин начин, совршено вклопени во потребите на дадениот дрескод“, ни раскажа Ивана и го пофали стилот на нејзината нова соработничка.

-Со стилот на Сања се запознав директно онлајн, иако веќе подолг временски период ја пратам на нејзините излегувања и сметам дека изгледа баш онака како што треба да изгледа една вистинска прва дама“, додаде Ивана.

За ефектниот ѓердан на Кнез, објавија повеќето хрватски медиуми, нарекувајќи го накитот детаљ кој предизвикал најголемо внимание.

М.Џаровска

Фото: Фејсбук профил на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, Фејсбук профил на Ивана Кнез/Zenski Magazin

Последни објави

spot_img

Поврзани објави