Подобрена меморија, подобри резултати на испити и подобро расположение не е нешто недостижно ако својата чинија ја наполните со намирници кои се хранливи за вашиот мозок. Шумско овошје, јајца или пак чоколадо се храна за вашиот мозок.




ШУМСКО ОВОШЈЕ
Шумското овошје е здраво за вашиот мозок од повеќе причини. Малините и боровницата содржат антоцијани кои ги подобруваат врските на невроните во мозокот и ги штитат ослабнување со што се подобрува и меморијата. Јагодите пак содржат фисетин кој има долгорочни позитивни ефекти врз памтењето. Британските научници утврдиле дека само една лажица боровинки дневно се доволни за значително да се подобри меморијата.




ЈАБОЛКИ
Ова овошје го содржи хемискиот состав катехин кој го штити мозокот од секојдневните отрови кои ги внесуваме преку разните намирници кои ги јадеме. Меѓутоа кахетинот е присутен во кората од јаболките и затоа најдобро е да конзумирате органски непрскани јаболка.
ТЕМНА ЧОКОЛАДА
Хемискиот состав флавонол кој се наоѓа во темната чоколада ќе го засили васкуларниот систем во вашиот мозок и ќе го подобри протокот на крв во мозокот. Во едно истражување се потврдило дека конзумирањето на темна чоколада ги подобрува математичките вештини, го победува уморот и психичката исцрпеност.




СЕМКИ ОД ТИКВА
Семките од тиква иако се мали тие се полни со хемискиот состав триптофан. Триптофанот е клучна хемиска состојка која го храни мозокот, а мозокот ја користи за лачење на хормонот сератонин кој го подобрува расположението и го подобрува здравјето на мозокот.
ЛУТИ ПИПЕРКИ
Кепцисинот е хемикалија која највеќе ќе ја најдете во лутите пиперки. Кепцисинот е хемикалијата која ги прави пиперките лути, но исто така позитивно влијае и врз топењето на мастите, подобрување на отпорноста кон болка, а мозокот ја користи за лачење на ендорфин кој го намалува стресот и ни помага да се фокусираме.




ЈАЈЦА
Јајцата содржат омега 3 масти и витамин Е во изобилство. Сепак, најважно е да одберете јајца од проверен квалитет бидејќи тие можат да имаат и до три пати повеќе омега 3 масти и витамин Е. За јајцето научниците велат дека може да ја спречи Алцхајмеровата болест, додека жолчката во јајцето содржи колин, хемиски состав кој ја подобрува врската на неуротрансмитерите.
Постојат и други храни кои го подобруваат здравјето на мозокот како зелка, кромид, боркула, спанаќ, скуша, лосос, пастрмка итн кои го подобруваат здравјето на мозокот. Доколку ги конзумирате сите овие намирници редовно, научниците сметаат дека вашиот мозок може да се подмлади за 5-7 години и да има исклучително подобро здравје.