ШЕСТ НЕДЕЛИ ПО ВТОРАТА ДОЗА ДОБИЛА КОРОНА – српска водителка раскажува како и помогнала вакцината

- Advertisement -

Српската водителка Ирина Вукотиќ била ревакцинирана против коронавирусот пред шест недели, а после тоа дознала дека е позитивна на вирусот. Таа посочува дека, благодарение на вакцината, поминалао без поголеми проблеми и последици.

„Открив дека имам корона во понеделник, на 5 април. Два дена порано, носот почна да ме чеша. Бев убедена дека станува збор за алергија на полен, па затоа и се јавив на д-р Тања Радосављевиќ, пулмолог, која честопати беше гостин во мојата емисија и ја прашав за совет. Ми рече да земам ериус. Бидејќи лекот не делуваше, повторно се обратив до неа. Јас и објаснив дека носот ми е затнат, дека слушам помалку и дека чувствувам замор. Секако, таа веднаш ме упати да направам тест на крвта, но и тест за корона. Малку збунета, потенцирав дека сум ревакцинирана пред шест недели и дека нема шанси да се разболам. Таа беше упорна: „Ајде, направи тестови, да ја отстраниме таа можност“, ја започна приказната водителката на Hello.

„Во шест часот попладне пристигнаа резултатите и јас бев позитивна на короната. Јас сè уште не верував во тоа. Првата мисла беше: ‚Но, јас треба да одам на работа утре’. Веднаш отидов во Трамполин и го повторив тестот. Немаше грешка. Таа вечер се појавија првите сериозни симптоми, но најважно е дека никогаш немав температура, ниту пак беше зголемен некој параметар. Со исклучок на силна кашлица што ми пречеше неколку дена, се чувствував како да имам ‚обичен’ грип. Со целосна самодоверба, отидов кај д-р Горан Стевановиќ, од Клиниката за инфективни болести, кој веднаш врз основа на наодите заклучи дека станува збор за лесна форма на корона. Ми даде терапија и истакна дека морам да одмарам.

- Advertisement -

„Мојот пријателка, кој се зарази кога и јас, како и нејзините родители, на кои таа им го пренесе вирусот, не можат како мене да кажат – дека не им е ништо страшно. Напротив, додека јас сум на пат кон закрепнување, мојата сила и концентрација се враќаат, тие сè уште се борат со висока температура, имаат покачено ЦРП и Д-димер. Слободно можам да кажам дека вакцината ми го спаси здравјето и животот, ми спаси потешки клинички слики. Затоа, ова мое обраќање директно до јавноста е да се укаже на поради полупроверените информации на непрофесионални луѓе со кои сме поплавени од сите страни секој ден“, вели оваа водителка.

Извор: Блиц рс

Последни објави

spot_img

Поврзани објави