Денеска во јавноста се појави веста дека на македонски државјанин на 73 години паднал во кома, откако му се слошило во текот на вчерашниот ден при вакцинација против корона вирус во салата Чаир, во Ниш.
Но, според информации на Вечер.мк од страна на стопанствениците кои чекале во ред со него, на човекот му се слошило пред да ја прими вакцината, односно дека човекот не стигнал да биде вакциниран.
Сепак, локалниот нишки портал Јужне вести, повикувајќи се на изјава на директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, објави дека тој паднал во кома после вакцинацијата.Според директорот човекот имал 4 бајпаса, но по направените прегледи констатирано е дека немал инфаркт, но засега не се знаат причините за влошувањето на здравствената состојба.
Тој додаде дека, во зависност од состојбата на пациентот, ќе се обидат да направат и друга дијагностика.
Вакцинацијата на македонските стопанственици започна во саботата, а вчера имаше голема гужва пред „Чаир“, бидејќи таму се појавија и македонски граѓани кои немаа закажано термин за вакцинација и кои исто така имаа можност да се вакцинираат.
Директорот на Здравствениот дом во Ниш во чија организација беше вакцинацијата во Чаир вели дека во такви ситуации се можни колапси и како потенцијална причина го наведе заморот.
Сепак, тој посочува дека освен овој случај, немало никакви интервенции и дека имунизацијата поминала добро, како и дека тие дале околу 4.000 вакцини.
Поради тоа имајќи различни информации се поставува прашањето дали на човекот му се слошило и паднало во кома додека чекал во ред за вакцинација, или откако се вакцинирал?
извор:вечер