Што никако не треба да се направи при посетата на Острог – правила кои треба да се почитуваат

- Advertisement -

Манастирот Острог е еден од најпосетените манастири на Балканот, Во него секој верник треба да пристапи со чисто срце и молитва, во надеж дека ќе биде исцелен од Свети Василиј Острошки.

Многу е важно како се доаѓа во манастирот, како сме облечени. Облеката зборува за почитта кон светото место.
Жените треба да се со марама на главата, со покриени нозе и раце, а мажите со долги панталони и маици со долги ракави.

Често може да се забележи дека туристите не ги следат правилата на манастирот, а многу е важно како се пристапува и физички и духовно.

- Advertisement -

На Острог може да понесете лични работи и работи на своите блиски, каде се оставаат да преноќат покрај моштите на Свети Василиј Острошки. После преноќувањето работите се благословени. Тоа е исто како Свети Василиј лично да ве благословил.

Луѓето носат и дарови. Од манастирот може да купите и света вода и масло или пак да запалите свеќи за здравје или за душата на мртвите.

Она што никако не треба да направите е да земете нешто од манастирот, дури ниту камен.

- Advertisement -

Во манастирот се случиле безброј исцелувања, кои монасите редовно ги запишуваат и чуваат како потсетник за чудотворните моќи на ова свето место.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави