Спанаќот е намирница која може да ја додадете во салати, во смути, тестенини, да направите ручек со ориз, но и на многу други начини.
Спанаќот е популарен бидејќи е богат со хранливи состојки кои го чуваат здравјето, особено на вашето срце и очи. Има многу малку калории, а содржи и протеини. Што ќе се случи во вашето тело ако редовно јадете спанаќ:
Помал ризик од срцеви заболувања Лиснатиот зеленчук е одличен за здравјето на срцето. Лутеин, антиоксидант кој се наоѓа во спанаќот го намалува ризикот од воспаленија.
Го чува здравјето на очите Лутеинот е антиоксидант кој помага во намалување на ризикот од Дегенерација на макулата поврзана со возраста (AMD) којa е причина за губење на видот кај луѓето постари од 50 години.
Го контролира крвниот притисок
Спанаќот го намалува крвниот притисок. Главната причина е тоа што во спанаќот се наоѓаат природни нитрати кои го подобруваат протокот на крвта. Спанаќот го чува и вашиот мозок.
Бидејќи е богат со витамини, минерали и антиоксиданти, спанаќот е одличен за вашата кожа. Од сите нив, витаминот А е одличен за прекрасна кожа, а една шолја спанаќ содржи околу 63% од дневниот препорачан внес.