Ѓоковиќ и семејството Чифлиганец отворија градинка близу Златибор(фото )

- Advertisement -

Благодарница до главниот партнер во оваа хуманитарната акција, менаџментот на „Адора“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец им врачија лично, Новак и Јелена Ѓоковиќ.

Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ со Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор, Србија, и покажаа дека хуманоста нема граници. Се работи за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија која е дел од проектот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ. Целта е развој на селото за да не се отселуваат луѓето од помалите места. Градинката во селото Љубиш, кое се наоѓа на само неколку километри од Златибор е 46-та по ред новоотворена градинка чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини да можат да учат и да играат во безбедна и креативна средина.

На отворањето на градинката присуствуваа градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кој во името на жителите и децата од селото Љубиш им се заблагодари на двете фондации за хуманата мисија. Радоста на жителите беше огромна.

- Advertisement -

Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот – истакна Душко Чифлиганец, zаменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со Фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а среќата и задоволството што се овозможува подобро образование во најраната возраст, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни.

Со соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф.д-р Ванчо Чифлиганец ја продолжуваат општествено корпоративната традиција секогаш да враќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности.

„Адора“, како што растеше, во изминативе 20 години постојано инвестираше во градењето на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во спортот, здравството, културата, образованието. Филантропската мисија на „Адора“, продолжува и во Златибор, каде што Адора Бизнис Групацијата и нејзината новоформирана компанија, претставник на српскиот пазар, Adora Living Solutions го градат станбено-деловниот комплекс од 7.000 м2, под називот „21st Century Zlatibor Residence, Spa&Wellness by Adora“. Комплексот има 100 стана, надополнети со голем број содржини за планинско уживање, базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана, двор за релаксација, детска игротека, конференциска сала. Инвестицијата е вредна 15 милиони евра.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави