Ѕвездите на гранд полека се распаѓа – По дискфалификацијата на Вања кандидатите сакаат да се откажат

- Advertisement -

Во регионалните медиуми се уште главна тема е дисквалификацијата на Вања Кнежeвиќ која беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, меѓу учесниците владее незадоволство и разочарување по исфрлувањето на кандидатка. Наводно, учесниците кои се под менторство на Марија Шерифовиќ сакале да го напуштат шоуто.

Како што пишува Курир.рс, кандидатите меѓу себе кренале врева, а Марија му пренела на Поповиќ дека нејзините кандидати сакаат да го напуштат музичкото шоу.

- Advertisement -

Меѓутоа, наводно Поповиќ веднаш имал одговор на тоа дека не треба да ги интеренсира случајот на Вања и дека треба да си ја гледат својата кариера. Исто така им било кажано доколку ги напуштат „Ѕвездите на Гранд“, никогаш повеќе нема да може да се пријават во музичкото шоу.

По тој повод се огласи и Вања Кнежевиќ.
„Не се слушнав со колегите, но мислам дека не треба да се откажат од натпреварувањето, туку да останат. Сепак, станува збор за две години натпреварување и не треба да се откажат поради сопствениот труд и се што постигнале. Не треба да се прават додатни проблеми, треба да се смири ситуацијата. Можеби се разочарани, но знам колку вложија во својот труд и не би сакала заради мене да го напуштат својот сон. Им благодарам на поддршката и им посакувам среќа во натпреварувањето“, вели Вања.

ПР службата на Гранд продукција се огласи и истакна дека веќе дале едно соопштение, доколку има потреба ќе објават уште едно, но засега нема да се огласуваат.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави