Доколку карантините и ограничувањата на дружење со пријателите не ви помогнаа да заштедите пари, можеби треба да ја пробате јапонската „Какеибо“ метода за штедење пари.
Оваа метода ја смислила женска новинарка во Јапонија, Хани Мотокло, уште во 1904 година, а како што тврдат многумина кои ја пробале, оваа метода за штедење пари навистина делува – дури и кај оние коишто обожуваат да трошат и малку повеќе.
Како што пренесува „Bright Side“, првиот чекор е запишување во нотес – не во мобилен телефон или пак на компјутер.
Земете еден нотес во кој ќе ги водите финансиите и редовно запишувајте сè што сте потрошиле.
Вториот, можеби и најважен чекор е изработка на месечен календар. Направете четири колони кои ги прикажуваат месецот и седмиците во него.
На почеток на месецот запишете го приходот за кој сте сигурни дека ќе го добиете месецот и јасно означете го со една боја, а потоа секој дополнителен приход кој го добивате забележете го со друга боја.
Потоа нацртајте уште една табела во која ќе запишувате колку пари би сакале да заштедите овој месец, а последниот чекор нека биде табела со сите задолжителни трошоци, како кирија, сметки, храна итн.
Запишете ги и сите работи кои не ви се потребни, но би сакале да ги купите. Поделете ги на категории – трошоци за живот, забава, образование и култура и др.
На крајот од секој месец анализирајте ги трошоците и проверете дали сте го испочитувале тоа што сте го запишале во табелите на почеток на месец.