Јапонскиот доктор живеел 105 години: Тајната за долговечноста е детската енергија

- Advertisement -

Би можело да се каже дека д-р Шигеаки Хинохара е одговорен за долговечноста на Јапонците, бидејќи советите на овој јапонски лекар многу придонесоа неговата нација да живее среќно и квалитетно.

Тој по-чинал на 18 јули 2017 година, на 105-годишна возраст, а на целиот свет му остави наследство од многу вредно знаење за несфатливата тајна на долгиовечниот живот. Хинохара исто така, помогнал да се воспостават медицинските системи, па благодарение на истите, Јапонците станаа еден од најдолговечните народи во светот.
Речиси до неговата с-мрт, д-р Хинохара работел во болница, лекувал пациенти и им предавал на студентите. Еве ги неговите 10 златни совети за постигнување долг, здрав и квалитетен живот.

Овој јапонски лекар живеел 105 години и работел активно се до својата с-мрт, грижејќи се за своите пациенти. Тој беше шеф на пет фондации и претседател на меѓународната болница Сент Лука во Токио. Тој вовел и годишни, сеопфатни медицински прегледи во Јапонија, што придонело за зголемување на предвидениот животен век.
Д-р Хинохара работел 18 часа на ден, седум дена во неделата! Ова се неговите животни правила:

- Advertisement -

Енергијата доаѓа од чувството на добро, а не од здравата исхрана и многу спиење
„Сите се сеќаваме дека кога бевме деца, честопати заборававме да јадеме или да спиеме додека бевме заиграни. Верувам дека тој став може да го одржиме и како возрасни – најдобро е да не го заморуваме телото со премногу правила, како што се оброците и спиењето, иако и тие се многу важни процеси“, објаснува д-р Хинохара. Тој верува дека возрасните треба да имаат детска енергија во себе.

Пазете се од дебелината

Д-р Хинохара постојано потенцирал дека 100 години доживуваат луѓе кои немаат прекумерна тежина, па затоа би требало да обратитме внимание на нашата тежина и физичка состојба.

Не треба да се оптеретуваме со храна, но сепак треба да внимаваме да не се прејадуваме. Тој верува дека маслиновото масло е одлично за кр-вта, прочистувањето на кр-вните садови и одржувањето на здрава кожа.

“За појадок, пијам кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со лажица маслиново масло. Ужина – млеко и некои интегрални кекси/колачиња, или воопшто не јадам кога сум зафатен. Ручек – зеленчук, некогаш риба и ориз, а двапати неделно јадам 100 грама месо“, открил лекарот.

Планирајте однапред

Хинохара секогаш имал полн распоред за престојната година, па дури и планирал уште повеќе за во иднината. Tој навистина се радувал на Олимписките игри во Токио во 2020 година. За жал, тој не ги доживеал, но неговиот став кон животот и плановите покажуваат колку бил оптимист, што е исто така многу важен момент за долговечноста.

Не мора да се пензионирате ако не сакате

„После 65-та година од животот кога се пензионирав, започнав да волонтирам. Јас сè уште учам и ги посетувам пациентите, дури 18 часа на ден и уживам во секоја минута од мојата работа“, рекол Хинохара. Ако некое лице сè уште сака да работи – нека работи. Ако не сака, нека се повлече и нека се посвети на она што сака да го работи.

Споделете го знаењете и вештините со другите

Хинохара држел околу 150 предавања годишно. Тој им предавал на сите – од деца во училиште до сериозни претприемачи и лекари. Тој секогаш стоел додека предавал, а неговите предавања понекогаш траеле дури 90 минути. Тој велел дека стоењето го прави посилен.
Не верувајте во сè што ќе ви каже лекарот

Д-р Хинохара верувал дека лекарите не можат да ја лекуваат секоја болест и секој пациент. Тој предложил кога лекар ќе препише терапија или преглед, да го прашаат дали истото би им го препорачал и на неговите роднини.

Ако одговорот е не, тогаш зошто да се изложувате на непотребен с трес и стра-дање? Тој верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во лекувањето, многу поголемо отколку што мисли официјалната медицината.
Секогаш пешачете и носете си го вашиот багаж сами

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж со вас. Хинохара цел живот се качувал по скали и секогаш скокал по една скала. Скалите и одењето се секојдневна вежба за срцето и целото тело.

Инспирирајте се секој ден, пронајдете инспирација

Прочитајте, пронајдете писатели во литературата што ве инспирираат. Така и Хинохара. За него најинспиративна била песната од Роберт Браунинг – Abt Vogler. Не мора да се фокусирате само на литературата. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа..

Болката е мистериозна

Најефикасниот начин да се надмине б олката е преку забава. Кога детето го боли нешто, тоа ќе плаче додека нешто друго не му го привлече вниманието. Тогаш ќе ја заборави б олката и заигрува со она што му го окупирало вниманието.

Тоа е она што возрасните треба да го сторат. Б олката треба да се надмине со одвлекување на вниманието. Тој верувал дека терапевтските кучиња и другите животни треба почесто да бидат присутни во болниците, а исто така, сметал дека и слушањето музика може да им помогне на пациентите да се справат со б олката.

Не натрупувајте материјални работи во домот

„Не трошете го животот собирајќи материјални работи, затоа што и онака нема да земете ништо со вас.“

Правилата се стрес ни, обидете се да се опуштите

Иако јасно ги промовирал вежбањето и диетата како начин за подолг и поздрав живот, Хинохара истовремено тврди дека не треба да бидеме опседнати со ограничување на нашето однесување. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Последни објави

spot_img

Поврзани објави