Семејното насилство во Македонија е редовна појава. Полицискиот билтен на МВР секојдневно известува за претепани и малтретирани жени. Дел од нив се охрабруваат да ги пријават нападите во најблиската полициска станица, дел од нив решаваат да молчат плашејќи се што ќе кажат пријателите и комшиите.
Овој настан на семејно насилство ни доаѓа од село Владевци, општина Василево. Во случајов обвинетиот Стојан во два наврати и нанесол тешки повреди на неговата сопруга Радица. Судските документи покажуваат дека првиот настан се случил во почетокот на минатата година на 27.01.2023 во 17 часот каде Стојан влегол во семејната куќа со број 29 и со дрвената рачка од работен алат секира, почнал да ја удара сопругата по раката и ногата, нанесувајќи и телесна повреда набиеница во пределот на подлактица, колк и бедро.
Вториот настан е 3 месеци подона на 19.04.2023 година во 16 часот каде повторно ја повредил неговата сопруга Радица. Тој физички ја нападнал нападнал удирајќи ја со едната рака три пати во пределот на лицето, додека со другата рака ја стегал за вратот, при што и нанел телесни повреди – оток, црвенило и гребнатина во пределот на левата страна од лицето во близина на окото и црвенило во пределот на вратот.
Иако обвиниетот Стојан за време на судскиот процес негирал било каква вина, па дури и ги негирал нападите и повредите кои и ги нанел врз неговата сопруга сепак во судската постапка се докажало дека тој умислено и ги нанел повредите и тоа во два наврати. Дополнително како отежителна околност се и медицинските извештаи што ги приложиле адвокатите на оштетената Радица каде јасно се гледаат повредите кои и ги има нанесено нејзиниот сопруг.
Судот во пресудата ќе напише:
„Така во конкретниот кривичноправен настан, судот како отежнителна околност ги ценеше околностите под кои е сторено делото, средството со кое е нанесена повредата, дрвена рачка од работен алат секира, во кривичноправниот настан од 27.01.2023 година, фактот да истиот не покажа чувство на вина и каење. Отежнителна околност е и дека истиот веќе е суден за семејно насилство со пресуда К бр. 282/19 со што се јавува како повратен сторител на кривичното дело од чл.130 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ , но и покрај тоа истиот продолжува со вршењето на повеќекратно семејно насилство. Во овој случај на семејно насилство судот олеснителни околности не најде, па го осуди обвинетиот Стојан на казна затвор во траење од 9 месеци, сметајќи дека со истата ќе се постигне целта на казнувањето на планот на специјалната и на планот на генералната превенција“.
И во периодот кој следува Скопје инфо ќе објавува дел од судските пресуди кои се однесуваат на семејното насилство се со цел да се подигне јавната свест против ваквиот вид на насилство./Skopje I