МЦТ маслото релативно неодамна ја стекна својата популарност, но веќе успеа да стане омилено кај љубителите на здравиот начин на живот.




МЦТ маслото е богат извор на здрави масти – триглицериди со среден ланец. Телото лесно го апсорбира маслото, извлекувајќи ја енергијата од него и практично не се складира во резервите на масти. МЦТ маслото се прави од кокосово масло и може да се зема во облик на додаток на исхрана или да се додава како прелив во салати.




МЦТ маслото најчесто се користи како средство за согорување на масти бидејќи истовремено влијае на неколку механизми на слабеење. Според истражувањата, МЦТ ослободува два хормони на „ситост“ одеднаш – II петпиди и лептини. Колку е поголема концентрацијата на овие хормони во крвта, толку помалку ќе чувствувате глад. Поради тоа МЦТ се препорачува да се консумира наутро поради намалување на ризикот од прејадување во следните оброци.




Покрај тоа, МЦТ маслото помага во контрола на нивото на шеќер во крвта, што исто така го намалува ризикот од прејадување. Острите промени на глукозата во крвта создаваат стрес за телото и поттикнуваат производство на хормонот на глад – грелин, поради што чувството на глад практично не исчезнува. Активните супстанци во маслото ја држат глукозата под контрола и спречуваат нагло растење или опаѓање на нивото.




Звучи парадоксално, но мастите во МЦТ маслото придонесуваат за согорување на масти. Овие молекули се многу помали од молекулите на другите масла (маслиново или сончогледово), поради што телото ги обработува на малку поинаков начин.
Редовниот внес на ова масло помага во зголемување на мозочната активност бидејќи е идеално гориво за мозокот. Во голема мера ја подобрува концентрацијата и перформансите и ја подобрува меморијата.




Масните киселини кои ја сочинуваат основата на МЦТ имаат моќни антибактериски и антифунгални својства. Студиите покажуваат дека редовното консумирање може да ја намали веројатноста за настанување на болести поврзани со бактерии за 80 отсто.




Покрај тоа, МЦТ значајно го намалува производството на лошиот холестерол и го зголемува нивото на добриот, додека поради своите способности да го контролира нивото на шеќер во крвта, маслото е одличен третман за дијабетес тип 2 и многу други хормонални болести.
Препорачаната доза на ова масло е 2 лажички дневно.