Ѝ вратиле паричник украден пред 75 години

- Advertisement -

Кога ќе ви го украдат паричникот, веројатно и не очекувате да ви биде вратен, но и тоа се случува… Бети Сисом (89) била пријатно изненадена кога ѝ соопштиле дека паричникот што таа речиси и да заборавила дека ѝ го украле, е пронајден.

Но, тоа се случило дури по 75 години.

Паричникот е пронајден при реконструкција на зграда на некогашно средно учлиште во Централија, Илиноис, САД, која сега се пренаменува во црква, изјави свештеник од црквата Сент Балцел.

- Advertisement -

Водоинсталатoр го пронашол паричникот во ѕидот од женскиот тоалет, заедно со уште неколку други. Ги сликал и ги објавил на Фејсбук, па благодарение на споделувањата, тоа стигнало и до Сисом.

Повеќето сопственици на украдените паричници сега се починати, но новинар од ТВ-станицата „Сент Луис” во имињата ја препознал старицата и на тој начин таа си го поврати украдениот предмет.

Во паричникот немало пари. Имало фотографии од нејзините школски другари, но и една слика од брат ѝ кој се борел и загинал во Втората светска војна.

- Advertisement -

-Многу сум среќна поради тоа, оти немам други негови фотографии, изјави Бети.

Таа во 1947 година матурирала во тоа средно училиште.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави